Живот
27. јуни 2016 - 20:09

Хорор: Хиена нападна тинејџер и му откина парче од лицето

Во јужноафриканскиот национален парк Кругер хиена нападнала 15-годишен тинејџер кој бил во својот шатор. Агресивното животно му ги зарило забите во лицето на несреќното момче и го извлекло од шаторот, а притоа му ми искршило и коските на лицето.

За среќа, еден од туристичките водичи бил медицински работник и веднаш му помогнал на повреденото момче.

Детето е префрлено во Јоханесбург на итна пластична операција, а неговата состојба е опишана како многу тешка.

Вилијам Мабаса вработен во националниот парк Кругер, рече дека животното најверојатно било во потрага по храна и дека успеало да побегне низ дупката од оградата.

Во јули минатата година во истиот национален парк леопард нападна сафари водич при една туристичка прошетка. За среќа водичот преживеа, а само месец дена пред тоа 22-годишен американски турист почина од повредите здобиени од нападот на лав.

-Сепак има диви животни околу нив, и луѓето мора да бидат многу внимателни и свесни за тоа кога кампуваат во близина на националниот парк, вели Мабаса.