-->
-->
Хорор: Го убил својот пријател оти ја платил сметката во ресторан
-->
Идрис Алакуш од Истанбул го застрелал својот пријател поради тоа што не му дозволил да си ја плати сметката од ресторанот во којшто ручале заедно со уште двајца луѓе, пишува „Дејли сабах".
Имено, Идрис се скарал со Хасан Ердемир околу тоа кој да ја плати сметката. На крај вториов победил, а Алакуш ја напуштил гостилницата. Неколку минути подоцна, тој се вратил со огнено оружје и пукал во своите тројца познаници со кои седел на масата.
Ердемир е префрлен в болница, каде што подоцна починал. Другите двајца ранети пак, се вон животна опасност.
Алакуш избегал од местото на злосторството, но подоцна е фатен од полицијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Трајковски, Асоцијација на специјализанти и млади лекари
-
Грета Тунберг на протест за Дошница
-
Преглед на вестите од светот
-
Цела недела топлотен бран – од утре мало разладување
-
Спречен обид за подметнување пожар на Водно, гори на шест локации во Македонија
-
62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-
Иницијативата за протоколот со Бугарија пред уставните судии по летните одмори
-
Османи: Автономијата во одлучувањето е духот на Охридскиот договор