ХОРОР: Брачен пар пронајден мртов - телата на Сандра и Мирослав биле во фаза на распаѓање
Сандра Ј. (39) полицијата ја затекнала во седечка положба на масата во кујната во куќата на првиот спрат во Загреб.Телотот на Мирослав Ј. (53) било покрај неа на подот.
Тие биле мртви неколку дена, па нивните тела биле во фаза на распаѓање. Токму поради смрдеата полицијата морала да биде со заштитни маски. И двајцата имале прострелни рани од оружје, а покрај Мирослав пронашле пиштол, кој го поседувал илегално, тоа значи дека Мирослав веројатно ја убил сопругата а подоцна се самоубил.
Како што соопштила полицијата, во полиција било пријавено од страна на нивен роднина бидејќи долго време се немал чуено ни видено со нив. Бидејќи вратата од станот била заклучена, морале да интервенираат и пожарникарите за да ја отворат вратата.
Која била причината за таквиот чин на Мирослав, соседите не знаеле да кажат ниту еден збор.
- Тој е овде староседелец, со години живее тука. Има два возрасни сниови од претходниот брак, а имаше и ќерка која се самоуби, раскажал соседот.
Ново на Сител
-
Собранието им го отвори патот на Николов и Ѓурчевски за амбасадори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
Преглед на вестите од светот
-
50 години и шест месеци затвор за нарко-кланот Грчец
-
Прва затворска казна за убиство на куче во Македонија
-
Пожарот кај Дојран ставен под контрола
-
Повеќе државни институции сместени во МРТВ две недели без вода - Вработени раце мијат во блиски молови
-
Македонија изгубила речиси 250 000 граѓани за една деценија, објави ЕВРОСТАТ