Тенис
7. January 2017 - 16:00

Хопман куп: Франција победник

Репрезентацијата на Франција триумфираше во Хопман купот откако во финалето во Перт беше поуспешна со 2-1 од селекцијата на САД. Ришар Гаске донесе водство на Франција откако го доби машкиот сингл меч со 2:1 во сетови против Џек Сок. Кај жените Коко Вандевеге беше подобра од Кристина Млаедновиќ со 2-0 во сетови и изедначи на 1-1 во мечот,
Решавачкиот поен за Франција во мешани двојки Гаске и Младеновиќ го освоија откако беа подобри со 2-0 во сетови од Сок и Вандевеге. Ова е втора титула за Франција во Хопман купот.