Хонгконг: Разговорот со демонстрантите без напредок
Лидерката на Хонгконг, Кери Лам изјави дека се сретнала и разговарала со група млади луѓе за протестите кои се случуваат во тој кинески град, но нема напредок ниту по едно барање од демонстрантите.
Лам истакна дека на затворениот состанок денеска го објаснила ставот на Владата за петте барања на протестното движење.
Таа ги оспорила критиките дека нејзината влада ги игнорира демонстрантите, чии барања вклучуваат демократски избори, откажување од обвинувањата против уапсените демонстрани и независната истрага за употреба на прекумерна сила од страна на полицијата.
– Не станува збор за нереагирање, туку се поставува прашањето за неприфаќање на тие барања, истакна Лам.
Во Хонгконг повеќе од два месеца траат протести во кои учествуваат главно млади луѓе.
Над 80 лица се уапсени минатиот викенд кога демонстранти ги окупираа градските улици, поставија барикади и фрлале цигли и молотови коктели во судирите со полицијата.
Лам минатата недела најави платформа за дијалог во која ќе бидат вклучени и демонстрантите, додека опозициските лидери ја доведоа во прашање искреноста на нејзината иницијатива, нарекувајќи ја „тактика на одложување“.
Ново на Сител
-
Бугарија со остри реакции на изјавата на Мицкоски – Бугарите во уставот е услов на ЕУ, не на Софија
-
Обвинителството нареди вонреден инспекциски надзор над загадувачите на воздухот во Скопје
-
Протоколите стигнаа до училиштата: Како до заштита од хибриден напад?
-
Во сезоната на грип евидентирани повеќе од 11 000 случаи
-
ССМ: Нема работници затоа што им давате ниски плати
-
Преглед на вестите од светот
-
Опозицијата предлага мерки за намалување на цените
-
Бројот на мигранти на јужната граница намален за 65%