Хонг Конг: Кој ќе одбие тестирање за Ковид-19, ќе се соочи со драстични казни
Вчера во Хонг Конг почна задолжително тестирање за Ковид-19 за високоризичните групи, а оние кои ќе одбијат да се тестираат се соочуваат со затворска казна до шест месеци.
Направена е градација на казните, така што избегнување на прво тестирање се казнува со парична казна од околу 257 американски долари. Секое следно одбивање на тестирање може да резултира со парична казна од повеќе од 3.000 американски долари или шестмесечна затворска казна.
Владата во саботата објави нови мерки со цел спречување на она што Хонг Конг го нарекува четврти бран на ширење на коронавирус, што влијае на лицата со висок ризик и секој што ќе дојде во контакт со нив. Секое такво лице мора да се тестира.
Според новите правила, лекарите ќе можат да побараат од пациентите кои имаат симптоми на болеста да бидат тестирани. Овој потег се должи на зголемувањето на бројот на увезени случаи на заразени со коронавирусот, како и на локалното ширење меѓу луѓето кои се епидемиолошки поврзани.
Од денеска, услужните активности, кои неодамна продолжија со нормално работење, повторно ќе се соочат со ограничувања. Баровите, клубовите и рестораните ќе мора да го намалат капацитетот на пополнетост од 75 на 50 проценти и нема да им биде дозволено да работат по полноќ. Во барови и клубови на една маса ќе може да има максимум две лица, а во ресторани четири.
Туристите кои доаѓаат во Хонг Конг и не пристигнуваат од Кина, Макао или Тајван ќе треба да поминат две недели во карантин во хотел.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-
Вработените во јавниот сектор ќе примаат подароци до 50 евра, без да се сметаат за мито
-
Незадоволство во Бугарија по усвојувањето на извештајот за Македонија во ЕП
-
Трамп - И Израел и Иран не го почитуваат примирјето
-
Мајка и три деца попладнево со авион ќе бидат евакуирани од Тел Авив во Атина
-
Почна дводневниот самит на НАТО
-
Извештајот на Вајц со „Македонски јазик и идентитет“ усвоен во АФЕТ - одбиени амандманите на бугарските европратеници
-
Таткото тепач во притвор, за детето жртва на насилство неопходна е стручна помош