Холштајн: Од февруари ќе се применува постапка на лотарија за термини за визи за Германија
Германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн објави дека од февруари Амбасадата ќе го подобри системот за доделување термини за т.н. визи за Западен Балкан.
– Поради Вашите многубројни реакции и сè уште многу големиот интерес за термини за поднесување на барање за виза, од февруари 2022 г. секој месец ќе се применува постапка на лотарија. За таа намена, во февруари за првпат ќе се отвори нов список за регистрирање, кој ќе биде неприкинато отворен за подолг период (најверојатно за околу две недели). Потоа, по случаен избор, со помош на компјутерски управуван генератор во лотариска постапка, од сите регистрации ќе се извлечат оние, на кои ќе им се додели термин за месец март 2022 година, напиша Холштајн на Фејсбук.
Поопширни информации можат да се најдат на веб-страницата https://skopje.diplo.de/mk-mk/
Ново на Сител
-
Пожарот во „Пулс“ ја зеде 61-та жртва, почина пациентот кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото на Вања негира вмешаност во случајот
-
Тема на денот со Аким Али, претставник на СЗО на Македонија
-
15 години клиничка болница “Аџибадем Систина”
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарот во Пулс ја зеде 61-та жртва, почина пациент кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото тврди дека не е виновен
-
Мицкоски: Анкетната комисија за Кочани, да се прошири и за другите трагедии