Македонија
30. December 2015 - 16:38

Холанѓаните најбројни странски туристи во Охрид

Гостите од Холандија најбројни на охридската ривиера а веднаш зад нив се Германците, Данците, Словенците, Србите, Црногорците и Албанците додека од домашните најчести посетители се скопјаните, ова го покажа анализата за вреднување на туристичкиот производ што ја направи Секторот за локален и економски развој. Климата, гостопримството , љубезноста на угостителските работници, културните манифестации се високо рангирани во спроведената анкета кај најголем број на испитаниците.

Манастирот Свети Наум ,Црквите  Перивлепта ,Света Софија Свети Јован Канео и Самоиловата тврдина се најпосетуваните  дестинации од страна на туристите.

Ваквото истражување има за цел прилагодување на туристичката понуда во насока на современите тенденции во туризмот.