Свет
28. јуни 2016 - 18:43

Холандскиот Парламент ја отфрли иницијативата за референдум за членството во ЕУ

Холандскиот Парламент со големо мнозинство гласови денеска ја отфрли иницијативата за организирање референдум за членството на Холандија во ЕУ, пренесе ДПА.

Предлогот беше поднесен од лидерот на десничарската популистичка Партија на слободата, Герт Вилдерс, кој вети дека доколку биде избран ќе спроведе референдум за ова прашање.

Вилдерс ја повика Владата во најскоро време да свика изјаснување за евентуалниот „Негзит“ (излез на Холандија од ЕУ).

Во сегашната правна ситуација, меѓутоа, не е можно организирање референдум за членството на земјата во ЕУ.