Холандски центри за изгореници нудат помош за жртвите од пожарот во Кочани
Центрите за третман на изгореници во холандските градови Гронинген, Бевервајк и Ротердам се подготвуваат да примат и да лекуваат жртви од пожарот во ноќен клуб во Северна Македонија, изјави портпарол на Холандската фондација за третман на изгореници за јавниот сервис NOS.
-Сè уште не е познато дали некои од повредените ќе бидат пренесени во Холандија на лекување, изјави портпаролот, пренесува НЛ Тајмс. -Во моментов се проценува тежината на изгорениците, а потоа Европската асоцијација за третман на изгореници ќе одлучи дали некои од пациентите ќе бидат лекувани во Холандија, појасни претставникот.
Дополнително, во тек се разговори за можноста холандски лекари и медицински сестри да отпатуваат во Северна Македонија за да помогнат, изјави Пол ван Зујлен, пластичен хирург и директор на центарот за изгореници во Бевервајк, за RTL Nieuws. Според него, сè уште нема многу информации за состојбата на жртвите, но очекува сериозни повреди.
-Фактот дека веќе има речиси 60 загинати зборува доволно. Ова морало да има огромно влијание и врз останатите повредени, потенцира хирургот.
Ново на Сител
-
Девет повредени во пожарот во Кочани примени во Ургентен центар во Белград и тројца на ВМА
-
Прегазена девојка на пешачки премин кај „Дајмонд“
-
Клековски: Згрижени над 140 повредени во дискотеката во Кочани, 44 се пренесени во болници во странство
-
ЈО: Во тек се рочишта за определување притвори за случајот со пожарот во Кочани
-
Седумдневна жалост за жртвите од трагичната несреќа во Кочани
-
Ребека: Да се молиме за Панчо ДНК, на апарати е!
-
„Пирогов“: Сите пациенти од Кочани, освен едно дете, се во тешка состојба
-
Го славел раѓањето на син со пријателите и го загубил животот во пожарот во „Пулс“