Свет
20. December 2020 - 10:10

Холандија забрани летови од Велика Британија поради новата варијанта на коронавирусот

Холандија забрани патнички летови од Велика Британија од денеска до 1 јануари, откако во таа земја е откриен нова варијанта на коронавирус, соопшти утрово холандската Влада.

Потсетувајќи дека на почетокот на декември, истата нова варијанта на вирусот беше откриена во Холандија како и во Велика Британија, владата издаде препорака на граѓаните да не патуваат, освен ако не е апсолутно потребно.

Одлуката на холандската Влада уследи еден ден откако британскиот премиер Борис Џонсон и водечките експерти објавија дека новиот сој на коронавирус е позаразен за 70 отсто од вообичаениот и објавија дека ќе се воведе повисоко ниво на антиепидемиски ограничувања во Лондон и југоистокот на Англија.