Свет
31. December 2015 - 17:32

Холандија утре го презема претседавањето со Советот на ЕУ

Холандија утре го презема претседавањето со Советот на Европската унија од Луксембург. Холандското претседателство ќе биде првиот мандат на новата претседавачка тројка, во која влегуваат уште Словачка и Малта.

На 30 јуни претседавањето ќе го преземат Словачка и Малта. Овие три држави ќе соработуваат до јуни 2017 година со цел да ја спроведат својата 18-месечна програма, која меѓу другото подразбира и отворање нови работни места, раст и конкурентсност, воспоставување енергетска унија и климатска политика насочена кон иднината, јакнење на слободата, безбедноста и правдата.