Балкан
28. January 2016 - 12:43

Холандија претстави план за враќање на бегалците од Грција во Турција

Холандија, која во моментов е актуелен претседавач на Европската унија, претстави европски план за враќање на бегалците од грчките острови во Турција, изјави лидерот на холандската владејачка Социјалдемократска партија, Дидерик Самсон за весникот „Фолкскрант“.

- Планот е изготвен од седум членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Германија, посочи Самсон.

Според планот, членките на Европската унија треба да се ангажираат да прифатат до 250 илјади бегалци годишно, а Турција во тие услови би се согласила да ги прими назад преостанатите бегалци.

- Турција се уште треба да усвои нови закони и да ја подобри ситуацијата со Сиријците, кои бараат азил. Таа треба да стане сигурна земја, посочи тој.

- Првите фериботи можат да тргнат од март или април, додаде Самсон.