Хоџај: Косово се наоѓа во последната фаза од создавање на државата

Косовскиот министер за надворешни работи, Енвер Хоџај, тврди дека Косово на крајот од дијалогот со Белград треба да стане членка на ОН и дека Косово во моментов се наоѓа во последната фаза од создавањето на државата.
Во интервју за виенскиот дневен весник „Стандард“ Хоџај вели дека веќе не треба да се разговара за техничките прашања, туку дијалогот, со поддршка на САД и ЕУ, да се доведе во завршна фаза, во која Косово треба да го добие своето место во ОН, како и да следи меѓусебното признавање меѓу Србија и Косово.
-Без сето тоа дијалогот ќе биде бесмислен. Заради тоа треба да се ограничи, како за прашањето на соддржината,така и за прашањето за временската рамка, смета тој.
Како што Хоџај вели во интервјуто, постојат држави во светот кои не ги признаваат другите, но, сепак, не го блокираат нивното членство во ОН.
Косово и Србија се соседи, и меѓусобното признавање, како што тврди, треба да биде цел.
Според Хоџај, се додека Србија не го признае Косово не може да има процес на помирување меѓу двата народа.
„Претседателот Александар Вучиќ е подготвен прагматично да делува. Меѓутоа, слушнавме дека српското цивилно општество и црквата, која играше лоша улога во косовскиот конфликт, ни по 20 години не се подготвени да бидат глас на разумот“, критикува Хоџај.
Ново на Сител
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-транс
-

Преглед на вестите од светот
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија - расте бројот на новозаболени, повеќето се од Драчево
-

Македонија вчера го имаше најтешкиот ден годинава во борбата со пожарите
-

Голем пожар во туристички места во регионот
-

Македонците кои летуваа во Сивири чекаат безбедно да се вратат дома
