Хоџа: Погрешна е тезата дека ќе може се и сешто во секое подрачје да се легализира
Од Владата оценуваат дека по вчерашното усвојување на Законот за утврдување на правниот статус на бесправно изградените објекти во законодавниот дом, ќе се реши урбанистичкото дивеење.
„Погрешна е тезата дека ќе може се и сешто во секое подрачје да се легализира“, нагласи владиниот портпарол Мухамед Хоџа додавајќи дека во законот е точно прецизирано каде и кои објекти ќе може да бидат легализирани.
„За да се легализира во заштитно подрачје треба да се добие согласност од надлежниот орган, министерство или друга институција дека градбата не го загрозува тоа подрачје. Така што, невозможно ќе биде лесно да се легализира секој објект во тие делови. Законот е усогласен и со опозицијата, при што се прифатени и неколку нивни амандмани и се инкорпорирани во него. Со законот се спречува урбаното дивеење со тоа што се зголемува цената за легализација за плус 50 отсто од основните комуналии со што се одвраќаат од намерата сите кои мислат да градат нелегално“, изјави Хоџа.
„Има многу државни објекти кои од разни причини не се запишани во Катастар. Со овој закон тоа се овозможува“, оценија портпаролите на владата на денешната прес конференција.
Ново на Сител
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции