Хоџа: Одлуката за визна либерализација за Косово, по изборите за Парламентот на Европа
Министерката за евроинтеграции на Косово, Дурата Хоџа изјави дека од средбите што ги имала во повеќе земји на Европската унија сфатила дека укинувањето на визите за косовските граѓани во моентов не е приоритет на Брисел, јави дописникот на МИА од Приштина.
Хоџа за весникот „Зери“ изјави дека не очекува одлуката за визите да се донесе пред изборите за Парламентот на Европа што ќе се одржат во мај годинава.
Сепак, таа е оптимист дека визите ќе бидат укинати веднаш по овие избори.
– Уште еднаш ќе нагласам дека ние ги завршиме нашите задачи и сега сето зависи од земјите членки на ЕУ. Во овие актуелни околности во ЕУ не е приоритет нашето прашање и не е реално да се очекува да има одлука пред изборите. Побарав во јуни да влезе во агендата, не дадов ниту рок, ниту императиви за нашите потреби, туку само да се постигне консензус меѓу земјите членки за да влезе во агендата и да се гласа во Советот, изјави Хоџа.
Ново на Сител
-
Деспотовски си поднесе оставка
-
Учебници за 7 одделение се уште нема – ќе се учи од старите
-
Забрана за градба во центарот на Охрид
-
Преглед на вести од светот
-
Ќе има ли ќар Македонија од евентуално репреговарање со Бугарија? Аналитичарите со спротиставени ставови
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Ристовски најавува нови критериуми за ваучер системот во спортот и строги контроли
-
Поради зголемени безбедносни мерки по нападот во Србија, гужви на ГП „Табановце“