Хоџа: Ако Алтернатива се приклучи кон власта ќе направи самоубиство
Генералниот секретар на Движењето БЕСА Аријанит Хоџа кој денеска си поднесе оставка од функцијата министер за земјоделство, вели дека ако Алтернатива се приклучи кон власта ќе направи самоубиство.
- Мислам дека секој влез во Влада ваква каква што е, со ДУИ би било самоубиство за секоја политичка партија. Ако не се седне да се реформира тој дел од режимот мислам дека апсолутно ќе биде погубно за самата партија. Но, оставам тие самите да одлучат. Ние сме подале рака заеднички со Алијанса и со Алтернатива да се споиме во еден блок и сме подготвени за брзи предвремени избори да одиме заедно. Убедени сме дека веќе народот препозна кој е ДУИ и што врши ДУИ оваа држава, рече Хоџа.
Дел од медиумите вчера почнаа да шпекулираат дека Алтернатива е веќе дел од власта. И координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски и вицепремиерот Артан Груби вчера рекоа дека парламентарното мнозинство ќе продолжи да се зголемува. Сепак, Груби не одговори дали Алтернатива веќе влегла во власта. Собранискиот спикер Талат Џафери вчера рече дека е можно пратеникот од Беса Кастриот Реџепи кој вчера не се појави во Собранието, да е дел од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ. Доколку Реџепи и Алтернатива се приклучат кон власта тогаш парламентарното мнозинство би се зголемило на 64 пратеници.
Инаку, по оставката на Арјанит Хоџа, оставки од функциите поднесоа и двајцата заменици-министри од движењето.
Ново на Сител
-

Гаши на потег, ДУИ и Вреди во нов судир за законот за правична застапеност
-

Уапсен 19-годишен Македонец осомничен за обид за убиство во Будва
-

Преглед на вестите од светот
-

Клековски: Акутната фаза на епидемијата е во смирување
-

Пет пациенти на Инфективна клиника со западно-нилска треска
-

Мицкоски: Следната недела очекувам големо намалување на цените на бензините
-

Градежни активности на нов стадион, инфраструктурни проекти и патна инфраструктура во Општина Илинден
-

Оризопроизводителите бараат слободен увоз на препарати
