Хоакин Феникс изгуби свест при снимањето на новиот хорор
Американскиот глумец Хоакин Феникс изгуби свест при снимањето на неговиот нов филм - „Бју е исплашен“ (Beau is Afraid).
Остварувањето на режисерот Ари Астер наводно било толку тешко за снимање, што Феникс во еден миг, просто - паднал. Во оваа хорор-драма, тој глуми параноичен човек кој влегува во мистериозна сообраќајна несреќа, завршува на некое бизарно место и се обидува да се врати кај својата мајка, одглумена од Пети Лупон.
Режисерот на хорор-филмови е познат по многу интензивните наративи и експлицитните сцени, а овојпат тие биле „премногу“ дури и за оскаровецот Феникс.
- Феникс помагаше во сцена со Лупон, па и тој беше во неа. Беше многу интензивна сцена за Пети и таа беше во кадарот, а Хоакин само се урниса. Бев навистина лут бидејќи постигнавме навистина добар кадар, раскажува Астер.
- Сè тоа ми беше збунувачки, отидов зад аголот и видов дека Феникс колабирал. Знаев тогаш дека тој не е добро, бидејќи луѓето го поткреваа и се обидуваа да му помогнат, а ако дозволил така, тогаш навистина му се слошило... Има нешто поетско во тоа дека паднал „во туѓа сцена“, заклучи режисерот.
Филмот ќе биде прикажан на 21 април 2023 година.
Ново на Сител
-
На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници
-
Михајловски: Среќен сум што донесов медал за Македонија
-
Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025
-
ЕУ донираше еко автобуси за јавен превоз со Скопје, за редовно сообраќање се чека исход од набавката на нафта
-
Во српскиот Парламент ќе се гласа за предлогот за државниот буџет за 2025 година
-
Интерпол уапси повеќе од 1.000 осомничени за кибер криминал во Африка
-
Обвинителот Смит побара да се отфрли случајот со доверливи документи против Трамп
-
Состојба на патиштата