-->
-->
Хјустон го ангажира Д'Антони
-->
Мајк Д’Антони (65) е именуван за нов тренер на Хјустон Рокитс. Американецот со италијанско потекло на клупата ќе го наследи в.д. тренерот Џеј Би Бикерстаф, кој не ја доби поддршката на раководството откако неколку месеци го предводеше тимот кога Кевин Мекхејл доби отказ.
Д’Антони кој зад себе има богато искуство во НБА лигата како тренер на Денвер, Феникс, Њујорк и ЛА Лејкерс, минатата сезона ја мина во Филаделфија каде му беше советник на тренерот Брет Браун.
Најдобри резултати во НБА овој тренер има постигнато со Феникс, кога во сезоните 2004/05 и 2005/06 играше во финалето на Западната конференција.
Доаѓањето на Д’Антони во Хјустон значи дека центарот Двајт Хауард ќе го напушти клубот. Договорот на Хауард истече на крајот од сезоната, а покрај тоа тој не е во добри односи со Д’Антони уште од времето кога двајцата беа дел од ЛА Лејкерс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк