Живот
25. April 2017 - 10:38

Хит во Русија: Пивска јога

Марина Вовченко од Москва е инструкторка по јога и води група од 25 луѓе, коишто го обожаваат нејзиниот уникатен метод - „пивска јога“.
 
Имено, тие користат пивско шише за баланс и за изведување вообичени јога вежби.
 
- Сакам на луѓето да им биде пријатно - не само да седнат в бар и да пијат пиво, туку во истовреме и да практикуваат јога, ја истакнува Вовченко својата амбиција.
 
Таа идеја ја добила од двајца јога инструктори од Берлин. Тие пак, биле инспирирани од американскиот фестивал „Burning Man“.
 
„Пивската јога“ е спој помеѓу две работи коишто сите ги сакаме - пивото и јога. И едното и другото се многувековни терапии за телото, душата и умот. Задоволството од пиењето пиво и сосредоточувањето на јога вежбите се комбинираат и создаваат енергично доживување, според инструкторите.
 
До скоро имало само две училишта за „пивска јога“ во светот - во Берлин и во Сиднеј, а денес ги има на речиси секој континент.