Балкан
2. September 2016 - 21:35

Хит на социјалните мрежи: Урнебесен состав на тема - „Како го поминав летниот распуст“

Писмената задача на едно дете од Босна и Херцеговина која се појави во јавноста, стана вистински хит на социјалните мрежи.

Во духот на босанскиот хумор составот ја следи семејната приказна раскажана од аголот на едно дете. Иако многумина се сомневаат дека составот е навистина напишан од дете, многумина се воодушевени од текстот.

“Писмената задача“ ја пренесуваме во целост:

„Оваа година бев со семејството на море. Јас, сестра ми и брат ми. И татко ми и мајка ми. Јас секое утро одев по леб, а татко ми пиеше попладнето по најголемите горештини. Два дена не можев да одам на плажа бидејќи добив некаков осип. Вториот ден од одморот, тато ја претепа мама пред сите на плажа. Никој не притрча да и помогне. Таков народ сме. Мама ни рече дека вујко Ибро ќе го скрши од ќотек тато кога ќе се вратиме. Вујко Ибро инаку и е брат на мајка ми. Тој е муслиман исто како и ние. Се заљубив во Сандра, таа е пола-пола. Мајка ми немаше право во врска со тоа. Сандра е одлична во училиште. Има големи сини очи. Кога ме бакна, ми се заврти. Сестра ми се убоде на морски еж. Врескаше два часа. Кога ја однесовме на доктор, тој рече дека не е морски еж туку парче од стакло. Ногата и загнои, па моравме да се вратиме назад. Единствено нешто што ме радуваше е тоа што вујко Ибро ќе го претепа татко ми. Бидејќи доста беше. Од неговиот...терор. Кога дојдовме дома вујко ми се поздрави бидејќи се враќаше назад за Америка. Мајка ми не му рече ништо за тато. Мене ми се закани да не кажувам ништо. Не сакала нашите душмани да се радуваат. Не сакала вујко да се грижи. Имал доволно проблеми со фирмата. Два пати му пукнал чирот. Јас ја прашав за какви душмани зборува, а таа рече дека и онака никој не ја гледа својата работа туку одвај чекаат некој хаос. Кај комшиите. Таков народ сме. Оваа година брат ми тргна на училиште. Ист е како тато. Првиот ден се степа два пати. Мајка ми плачеше, а татко ми му купи Тоблероне. Таков е татко ми, секогаш контра сите. Учителката на брат ми рече дека препорачува поголема грижа од родители. Јас мислам дека кога вујко Ибро ќе се врати од Америка, татко ќе мора да се отсели од дома. Мајка ми ги предаде документите за развод,. Се уште не смее да му рече, но сигурно ќе се случи и тоа. А народот нека јаде го*на. Не се ни мажеше поради народот“ – напишало детето во составот.