-->
-->
Хит на Фејсбук: Девојче и нејзината мајка живееле во автомобил, а потоа дошол полицаец...
-->
Полициски службеник од Калифорнија, заминал во патрола откако добил повик дека на паркинг во близина на плажата некој спие во автомобил.
Кога излегол на терен, тој нашол 11-годишно девојче кое играло „плочка“.
Полицаецот Прицер му пришол на девојчето, кое со својата мајка живеело во автомобилот. Мајката и ќерката неодамна останале без покрив над главата, па нивниот стар автомобил им останал единствениот избор.
Камерата на службеното возило снимила необична средба, која резултираше со вистинска игра.
Полицаецот и се обратил пријателски на девојчето и започнал да се игра со неа. Тој фрлил парче плочка и почнал да скока со целата опрема на себе. Девојчето ја прифатило играта и така се спријателиле. Откако разговарал со мајката на девојчето, биле повикани во Центарот за социјална работа, со цел да им се обезбеди привремен смештај.
Видеото од службеното возило, на Фејсбук го објавиле неговите колеги.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Koледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
Тема на денот со Александар Николоски министер за транспорт и врски
-
Коледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
МПЦ за коледарските огнови и како се одбележуваат Бадник и Божиќ
-
Партиите се скараа чиј е патот Страцин - Крива Паланка?
-
Колку ќе загуби македонската економија во влезот на Бугарија во Шенген зоната?
-
Град Скопје обвинува: Од 15 институции надлежни за загадувањето, реагираме само ние
-
Работа и по пензионирање