Џет-Сет
20. November 2017 - 14:56

Хит: Го погребаа погрешниот Менсон, го оплакуваат пејачот, а умре озлогласениот убиец

Обожавателите на пејачот Мерилин Менсон плачат по социјалните мрежи и закачуваат статуси "RIP Charles Manson"!

Рок ѕвездата Мерилин Менсон, чие вистинско име е Брајан Ворнер, изгледа како да му нема смрт без глогов колец, но од утрово сигурно ика зошто многу негови обожаватели се очајни поставуваат статуси како да умрел.

Звучи неверојатно, но го замениле со озлогласениот убиец Чарлс Менсон, лидерот на секта која уби 35 луѓе кој утрово почина во 83. година.

За волја на вистината, Брајан Ворнер го зеде името Мерилин Менсон како симбиоза на две американски икони - Мерилин Монро и Чарлс Менсон. Во своите песни овде онде кокетираше со мислите на озлогласениот убиец, а ете го здрав и жив (48) во својот дом.