Хисени: Барањето на Палестина може го компликува приемот на Косово во Интерпол

Косовскиот министер за внатрешни работи Скендер Хисени изјави дека неговата земја има шанси да биде примена во меѓународната организација за криминалистичка полиција Интерпол, додавајќи дека апликацијата на Палестина може да го компликува процесот.
Хисени посочи дека Извршниот комитет на оваа организација го ставил барањето на Косово во агендата на Генералното собрание.
- Ќе се гласа за нашата апликација откако ќе бидат одобрени, односно прифатени критерумите. Тоа е добра вест за Косово, бидејќи Извршниот комитет го сочинуваат 50 отсто земји кои го признале Косово и исто толку кои се уште не го признале, значи вкупно 12 држави, оценува Хисени.
Првиот косовски полицаец нагласува дека сите, а посебно МВР, интензивно работеле за обезбедување на потребениот број гласови, бидејќи две третини од членовите на Интепрол треба да гласаат за да Косово да стане членка.
Според него, сепак „постои една држава која може да предизвика проблеми“.
- Не е никаква тајна. Тоа е условно речено политичка тајна, дека аплицирањето на Палестина може да го компликува целиот процес. Како што знаеме има држави кои не сакаат да ја видат Палестина како членка на Интерпол. Но, независно од тоа ние во координација со клучните меѓународни партнери ги направивме сите напори да имаме што поголема поддршка нашето барање да ја добие поддршката во Пекинг, заклучува Хисени.
Генералното собрание на Интерпол ќе заседава од 26 до 29 септември во Пекинг. Гласањето ќе биде на 26, а делегацијата на Косово ќе допатува на 25 септември. Покана за присуство во својство на набљудувачи имаат премиерот, министерот за внатрешни работи, генералниот директор на полицијата, како и неколку претставници од извршната власт на Косово.
Ново на Сител
-

Приведен разбојник од Куманово, осуден на казна затвор од пет години
-

Анкета на Клиниката за психијатрија: Над 40 отсто од испитаниците се соочуваат со проблеми во спиењето
-

Претрес во Неготино, пронајдена дрога
-

Иран ги затвори сите универзитети на неодредено време поради војната
-

Орбан: Ќе ги употребиме сите средства за да ја принудиме Украина да продолжи да испорачува руска нафта
-

Пад на индустриското производство во јануари
-

Мицкоски телефонски разговарал со премиерот на Катар за случувањата на Блискиот Исток
-

ЈОРСМ оформи предмет по допрен глас за неправилности при надзорот во ЦСР во врска со трагедијата во Карпош
