Фудбал
10. December 2015 - 16:55

Хирошима со 2-0 го совлада Оукленд

Јапонската екипа Хирошима избори пласман во четвртфиналето на Светското клупско првенство што се одржува во Јапонија. Во првиот натпревар Хирошима, која настапува како претставник на државата домаќин денеска го совлада првакот на Океанија Оукленд Сити со 2:0.
Головите ги постигнаа: Јусуке Минагава во 9.минута и Цукаса Шиотани во 70.минута.
Со овој триумф Хирошима избори место во четвртфианлето и на 13.декември ќе игра против првакот на Африка Мазембе.