Хилари Клинтон потрошила 18 милиони долари за три месеци кампања

Хилари Родман Клинтон потроши повеќе од 18 милиони долари и ангажираше стотина луѓе во првите три месеци од претседателската кампања.
Со тоа, нејзината организација за кампањата ги надминува противкандидатите и меѓу демократите и меѓу републиканците.
Парите за оваа кампања на Хилари Клинтон не се проблем, бидејќи само за делот кампања, во која се бори за позиција демократски кандидат, таа собра 46 милиони. Откако објави кандидатура во април, поранешната државна секретарка вработи луѓе во 50 американски држави од кои најголемиот дел работат во седиштето кое има 7.500 метри квадратни во Бруклин во Њујорк. Освен што плаќа за 343 вработени, нејзината кампања вложи многу во изградба на дигитална платформа.
За споредба, нејзината кандидатура пред осум години, кога загуби од Барак Обама, во првите три месеци чинеше 14 отсто од 36 милиони долари, додека сега потроши речиси 40 отсто од 46 милиони.
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
