Фудбал

Хидинк нов тренер на Челзи

Веднаш по објавувањето на смената на Жозе Мурињо од позицијата менаџер на ФК Челзи, од клубот објавија дека привремено ќе го замени Гус Хидинк. 

69-годишниот холанѓанец со тоа по вторпат седнува на клупата на Лондонскиот клуб со кој беше во соработка во 2009 година. 
Веќе утре Хидинк ќе направи состанок со фудбалерите и ќе го предводи тимот против Сандерленд.