Балкан
16. July 2016 - 10:48

Херој на пучот, со голи гради застана пред тенкот

Фотографијата од пазарецот Суат Нуманочлу кој со голи раце се обиде да запре тенк во Истанбул го обиколи светот.

Имено, Суат се обидел да го запре тенкот пред аеродромот Ататурк во Истанбул. Прво легна пред тенкот, а потоа ја соблече маичката и бестрашно застана пред него.

Турската војска се обиде да ја преземе власта во земјата и да го симне од власт претседателот Реџеп Таип Ердоган.

На улиците од Истанбул и Анкара се водеше вистинска војна меѓу војската од една и полицијата и одреден број граѓани од другата страна.