Хелсиншки комитет: Има подобрување на условите во затворите, но во Идризово е алармантно
Лошите и нехумани услови во затворите, особено во Идризово, не смеат да се игнорираат. Иако сите институции кои застануваат во одбрана на човековите права во секој извештај нотираат поразителни резултати, нема никакво подобрување на условите во затворите. Осудените лица немаат соодветен пристап до здравствена заштита, ниту соодветни материјални услови за живеење, а програмите за ресоцијализација, условите за нивно имплементирање и постпеналната помош се сè уште недоволни и неприменливи, забележува и Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Реакциите на осуденичките од затвореното одделение во Идризово се оправдани. Екипа на Хелсиншкиот комитет веќе разговарале со нив и самите ги виделе проблемите - ниту имало топла вода, ниту хигиена, а осуденичките потврдиле и дека добиваат храна со поминат рок, а трпеле и тортура.
Пренатрупаноста во сите затвори е алармантен проблем за кој државата мора итно да најде решение, бараат од комитетот. Според нив во моментов во подобра состојба бил затворот Штип, а по Идризово, најлоша била состојбата и во затворот Куманово.
Македонија засега е единствената држава во регионот која од лани прогласи кризна состојба во најголемиот затвор Идризово за да се гарантира безбедноста, поради недостиг на чувари.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар