Хелмут Кол бара ЕУ да не врши притисок врз Лондон

Поранешниот германски канцелар и архитект на реунификацијата на Германија, Хелмут Кол, бара Европската Унија да и даде време на Велика Британија да се соземе по референдумот за излегување од унијата.
Во изјава за весникот „Билд“ Кол, кој има 86 години, вели дека ЕУ треба да има повеќе почит за националните и регионалните идентитети во Европа и дека не треба да наметнува премногу стандарди на своите членки, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Весникот го парафразира Кол, според кого ќе биде огромна грешка доколку „ЕУ ја тресне вратата за Велика Британија“.
Според „Билд“, Кол бара мирно надминување на кризата без непотребна сила и омраза. Според него, сега е најважно Велика Британија сама да одлучи што сака во иднина.
Хелмут Кол беше канцелар на Германија од 1982 до 1998 година и заедно со неговиот француски колега Франсоа Митеран беа политичката сила за чекорите што ЕУ ги направи кон монетарна унија и економска интеграција, вклучувајќи го и воведувањето на еврото.
Ново на Сител
-

Изминатите три дена 1699 сообраќајни прекршоци, уапсени 60 лица за безобѕирно управување на возило
-

Истражување: Некои бактерии можат да преживеат меѓупланетарни патувања
-

Реал го победи Атлетико во дербито на Мадрид
-

Меси го надмина Пеле по број на голови од слободен удар
-

РФМ во Белград ќе договара заедничко натпреварување со Србија и со Црна Гора
-

Иран се заканува со минирање на Персискиот Залив
-

Кумановец почина откако му се слошило додека возел на локален пат
-

Од полноќ нови цени на горивата, по одлуката на Владата за намалување на ДДВ од 18 на 10 отсто
