Хеликоптерот што се урна во Вашингтон бил дел од единицата за безбедно евакуирање американски официјални лица

Хеликоптерот Блек Хок, кој во средата се судри со патнички авион над Вашингтон, бил на вежба на главна рута планирана за евакуација на високи функционери во случај на напад врз САД, соопштија официјални лица.
Воената мисија, наречена „континуитет на владата“ има за цел да ја зачува способноста на американската влада да функционира во такви околности. Поголемиот дел од времето, екипажите како оној што загина во средата превезуваат високи функционери низ Вашингтон, каде што летаат многу хеликоптери.
Но, американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет ја откри поврзаноста на соборениот хеликоптер Блек Хок со мисијата на прес-конференција во Белата куќа во четвртокот, наглчасувајќи дека тие биле „на рутинска, годишна вежба ноќен лет над стандарден коридор за континуитет на владината мисија“.
За такви мисии ретко се зборува во јавноста, јавија американските медиуми. Тројцата војници кои загинаа беа дел од 12-от авијациски баталјон од Форт Белвоар, Вирџинија, чии должности во националната криза вклучуваа евакуација на претставници на Пентагон. Во патничкиот авион загинаа 64 лица.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ одби покачување на платите
-

СЗО: Низок ризик од ширење на вирусот Нипах надвор од Индија
-

Прегазено 13-годишно девојче во Гостивар, возачот избегал
-

Прво финале за Алкараз на Австралија опен
-

Светската здравствена организација бара оданочување на слатките и алкохолните пијалаци
-

Мицкоски: За минималната плата мораме да постапуваме според закон, ќе има зголемување и нивелирање
-

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Изгласана Резолуцијата за затворање на постмониторинг дијалогот со Македонија од страна на ПССЕ
