Македонија
7. August 2024 - 12:14

Хеликоптерот на МВР исфрли над 20 тони вода врз пожарот кај село Папрадиште

Хеликоптерот Бел 412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР денеска дејствувал на пожарот кој избувна вчера во реонот на селата Папрадиште и Ореше.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, во 11 циклуси биле исфрлени над 20 тони вода, со што биле локализирани дел од жариштата.

-Врз истиот пожар дејствуваше и хеликоптерот Х225 од Министерството за внатрешни работи на Србија, со што е спречено пожарот да се развие кон село Папрадиште, информира МВР.