Свет
12. February 2017 - 18:25

Хеликоптер се урна во езеро во Русија

Хеликоптер со пет лица во него се урна во Телецко Езеро во руските Алтајски планини, јави ТАСС, повикувајќи се на извор од спасувачките служби.

- Според прелиминарните информации, хеликоптерот се урнал 40 километри југоисточно од населбата Артибаш. Несреќата ја пријавиле очевидци, навел овој извор.