Хеликоптер на МВР ќе го гаси пожарот над село Горно Врановци

Поради зголемена опасност од навлегување на пожарот во квалитетна букова шума, за неколку минути над селото Горно Врановци, ќе полета хеликоптер на МВР со големо ведро од три тона, соопштија од Центарот за управување со кризи.
Како што појаснуваат од ЦУК, се работи за пожар на поголема надморска височина од над 1.200 метри.
Претходно, беше информирано дека директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, утрово бил дел од хеликоптерско извидување на пожарот на планината Јакупица на просторот меѓу општините Чашка и Богомила.
- Во текот на доцните попладневни часови во вчерашниот ден, пријавен е пожар над село Горно Врановци, општина Чашка. Пожарот е сериозен, гори трева, но, веќе на некои места е навлезен во шума. Можеби ќе има потреба од дополнителна хеликоптерска интервенција, изјави тогаш Ангелов.
Тој додаде дека екипа на ЈП „Национални шуми“ се обидува да воспостави контрола.
Ново на Сител
-

Општина Струга ќе го продава на аукција аудито на Мерко, почетна цена 21.800 евра
-

Платформата ptici.mk собра над 34.000 податоци за птиците во Македонија
-

Македонските државјани од Израел попладне треба да бидат евакуирани со владиниот авион, во следните денови евакуација и од останатите држави
-

Ердоган: Анкара е подготвена да посредува за прекин на огнот помеѓу Пакистан и Авганистан
-

Комисијата за прашања на избори треба да го соопшти предлогот за нов член на Судскиот совет
-

ОН: Ниту една земја во светот не постигнала целосна правна еднаквост за жените
-

Утринските температури од 0 до 7 степени, преку ден до 17
-

ЕК: Засега нема индикации за мигрантски бранови поради војната во Иран
