Хекуран Асани е нов предлог на Владата за директор на М-НАВ, Илир Мехмеди не ги исполнува условите
Хекуран Асани е нов предлог на Владата за претседател на Управниот одбор на давателот на воздухопловни услуги М - НАВ. Од Владата информираат дека ја смениле првичната одлука од денешната седница со која до надзорниот одбор на М-НАВ дадоа насоки нов претседател на УО да биде Илир Мехмеди затоа што не ги исполнувал условите за функцијата.
Со претходната одлука Владата му даде насоки на надзорниот одбор во Македонска навигација М-НАВ да ги разреши претседателот на Управниот одбор на М-НАВ Фахрудин Хамиди и секторскиот извршен директор во М-НАВ Љубе Стаменковски. На местото на Стаменковски, според насоките од Владата, ќе биде именуван Милан Кораќ.
По одлуките од владината седница Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) го стави во мирување штрајкот што го најави за утре со целосно затворање на воздушниот сообраќај на македонското небо.
-Ова е придвижување на работите. Ќе ја анализираме целата состојба и случувања и ако има позитивна реализација на препораката од Владата до надзорниот одбор ќе ја повлечеме одлуката за штрајк, изјави за МИА Александар Тасевски, претседател на ССКЛ.
Смените во раководството на М-НАВ, Владата ги најави по инцидентот што се случи на 4 месецов со упад во оваа институција и напад на вработени, а претходно ССКЛ реагираше за спроведувањето на последниот оглас за вработување во М-НАВ од страна на раководството.
Во М-НАВ од денеска проверки врши Управата за финансиска полиција.
За инцидентот на 4 јануари во М-НАВ, Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај според член 303 став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Основниот кривичен суд Скопје од утре ќе одлучува за жалбата на јавното обвинителство во врска со одлуката да не го прифати барањето за притвор за четворицата осомничени во врска со упадот во М-НАВ. Како што информираа оттаму, жалбите се доставени до странките, рокот за одговор е до утре и откако ќе истече, Советот ќе заседава.
Ново на Сител
-
Се истражуваат причините за пожарот во куќата во Крива Паланка во кој починаа сопружници
-
Македонија со најмногу смртни случаи во Европа како последица на загадувањето, велат од Еуроњуз
-
Екипи и механизација на ЈП Македонијапат го расчистуваат снегот и ги одржуваат проодни патиштата
-
Двајца сопружници починаа во пожар во Крива Паланка
-
Поранешниот канадски премиер Жан Кретиен ги осуди експанзионистичките идеи на Трамп
-
ЦУК: Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани
-
Поведена постапка против лице за семејно насилство врз неговата сопруга
-
Патничкиот железнички сообраќај се одвива нормално и без прекин, со минимални задоцнувања, товарниот со мали застои