-->
-->
Хејли: Конечната одлука за Ерусалим ќе ја донесат Израел и Палестинците, а не САД
-->

Претседателот на САД Доналд Трамп постапи правилно и машки, со признавањето на Ерусалим за главен град на Израел, но конечната одлука за статусот на градот треба да ја донесат Израелците и Палестинците, изјави амбасадорката на САД во ОН Ники Хејли.
- Тоа е точно, бидејќи е факт - Ерусалим е главен град на Израел, изјави Хејли во интервју за телевизијата Си-Би-Ес и изрази мислење дека мир ќе настапи кога и двете страни ќе ја признаат реалната состојба на работите.
Хејли истакна дека во својата изјава Трамп не зборувал за бариери и граници, бидејќи конечниот статус на Ерусалим ќе го одредат Палестинците и Израелците, а не Американците.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Андреј Жерновски, СДСМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Зелени грантови за домаќинствата и бизнисите во Босилово
-

Над 200 евакуирани во Кичево поради поплава
-

СДСМ со нови обвинувања за тендери, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла како популизам
-

Обвинувања за поврзаност со бизнисот со канабис - нова политичка пресметка
-

Мицкоски од Минхен: Не ни треба процес без крај, туку предвидлива европска иднина
-

МОН од утре ќе организира јавни дебати за Законот за високо образование
