Хејли Болдвин: Тешко е да се биде девојка на Џастин Бибер
На почетокот на годината светот го обиколија фотографии на кои пејачот Џастин Бибер и манекенка Хејли Болдвин разменуваат нежни бакнежи на егзотичен остров, каде ги минаа новогодишните празници, со што официјално беше потврдено дека тие се во врска.
Но, русокосата Хејли сега за магазинот „Мери Клер“ проговири за она во што веќе се сомневавме.
- По објавувањето на фотографијата како луди почнаа да стигнуваат пораки и повици. Не е лесно да се биде со некој од оваа индустрија. Мораш да имаш дебела кожа и да бидеш силен. Мораш да се фокусираш на таа личност и на ништо повеќе, открива Хејли.
Хејли вели дека тие „не се ексклузивна двојка“ и дека не сака да зборувам за нивниот однос. - Нашата врска се однесува само на мене и на него, изјави Хејли.
Но, добар упатен извор открива дека тие и натаму се „блиски пријатели“, но дека Џастин моментно е преокупиран со претстојната турнеа и „нема време да и се посвети на неговата девојка“.
- Се сакаат и натаму, но целосно им е јасна ситуацијата во која моментално се наоѓаат, додава изворот.
Ново на Сител
-
Мареј ќе остане тренер на Ѓоковиќ на неодредено време
-
Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајка во Албанија, едно лице загина
-
24-годишна велешанка осомничена за серија кривични дела во само пет дена
-
Денеска се празнува Сретение Господово
-
Во Кисела Вода почнува акција за бесплатно собирање кабаст и електронски отпад
-
Активности на премиерот Мицкоски на Безбедносната конференција во Минхен
-
Тексас го погоди земјотрес со јачина од 5,2 степени
-
Зеленски: Украина има мали шанси да издржи во војната против Русија без поддршка од САД