-->
-->
Хегсет: Три лица, означени како наркотерористи, загинаа во напад на американската армија во Карипско Море
-->

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет на платформата Икс објави дека во синоќешниот американски напад врз брод осомничен дека пренесува дрога во Карипско Море убиени се три лица.
Хегсет додаде дека бродот бил управуван од „организација, означена како терористичка“, но не наведе повеќе детали.
САД во септември распоредија 10 борбени авиони Ф-35 во Порторико, како и осум воени бродови и нуклеарна подморница во јужниот дел на Карипско Море, во близина на брегот на Венецуела, официјално како дел од операцијата против илегалната трговија со дрога.
Оттогаш извшија повеќе од десет напади врз бродови во близина на брегот на Венецуела, како и во источниот дел на Тихи Океан, во кои загинаа повеќе од 60 луѓе.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Експерти: Промената на власта во Унгарија нема да влијае на односите со македонската влада
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Поевтинуваат горивата
-

По промените, Филипче бара ревизија на договорите на Мицкоски со Орбан
-

Вицепремиерот за европски прашања очекува позитивен извештај од ЕК
-

Предметот „Талир 2“ доби нов јавен обвинител
-

Поранешната антикорупционерка Димитровска не се чувствува виновна
-

МВР најави 24 часовен „радарски маратон“
