ХДЗ започнува преговори за нова Влада, прво ја повика Мост

Хрватската демократска заедница (ХДЗ), која е реален победник на предвремените парламентарни избори, денеска започнува преговори за формирање на нова влада, а според најавите од претседателот на партијата Андреј Пленковиќ, првиот повик ќе биде упатен кон Мост независна листа на Божо Петров.
Пленковиќ истакна дека веднаш започнува со преговори, што се совпаѓа со барањето на претседателката Колинда Грабар Китаровиќ, која од партијата со најмногу мандати побара да нема одложување при формирањето на новата влада, како што беше случај по изборите во ноември.
Исто така таа напомена дека нема да дозволи да има какви било ултиматуми или уцени.
- Убедливо сме победници на изборите, и со оглед на околностите и со оглед на бројот на поединечни мандати. Во преговорите со другите партии настапуваме од таа позиција, со нашата преговарачка платформа. Слушнавме за седумте точки на Мост, знаеме за што станува збор. Некои од тие прашања можат да бидат прифатени, а за некои има потреба од детални разговори, истакна Пленковиќ.
- Попуштање нема да има ниту за премиерската позиција, нагласи Пленковиќ и порача дека ХДЗ како реален победник има право да смета на тоа дека местото за претседател на владата е резервирано за претседателот на партијата.
- Па, еве, вие погодете кој е тоа, потенцира шефот на ХДЗ.
- Се договоривме пристапот на преговорите за формирање на нова Влада на Хрватска да биде врз основа на нашата изборна програма. Тоа е програма која е ориентирана кон иднината, економијата, конкурентноста, работните места, демографската политика, социјалната правда, и секако, вклученост на сите оние социјални работни групи на најдобар и најквалитетен начин, заклучи Пленковиќ.
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
