ХДЗ со одлука Мариќ да биде новиот мандатар

Претседателството на ХДЗ денеска едногласно одлучи на премиерот Тихомир Орешковиќ да му се изгласа недоверба во Парламентот, а мандатар за состав на новата влада да биде Здравко Мариќ.
Секретарот на ХДЗ Домагој Милошевиќ после седницата на партиското раководство изјави дека за таквата одлука ХДЗ ќе има мнозинство во Саборот.
Тој дополни дека Орешковиќ сега само технички е премиер.
- денеска го потврдивме Мариќ за кандидат за мандатар на Владата на Хрватска. Мислиме, дека за повеќето држави во ЕУ би било природно премиерот, технички, сам да поднесе оставка. Оваа Влада дојде до крајот на слепа улица, изјави Милошевиќ.
Тој оцени дека постои битна разлика меѓу Орешковиќ и Мариќ.
- Мариќ го разбира контекстот, бил во минати влади, ги разбира односите. Има искуство и во приватниот и во јавниот сектор, појасни Милошевиќ.
Мариќ изјави дека овој прелог е голема чест за него.
- Свесен сум за моментот во кој се наоѓаме и ни треба политичка стабилност, истакна Мариќ.
Ново на Сител
-

Ангелов: Пожарот кај Макази најверојатно е подметнат, може да се прошири кон НП Пелистер
-

Андреј Смилевски со убедливи 3:0 обезбеди финале на Светскиот куп во Будимпешта
-

Пепи Велков обезбеди финале, утре ќе се бори за злато против Украинецот Кобзиев
-

Уапсен 27-годишен тетовец, на жена и украл ташна со лични предмети на бензинска
-

Два гола на Халанд во триумфот на Сити над Кристал Палас
-

Ангелов: Бројот на пожари на отворен простор не стивнува, граѓаните да бидат исклучително внимателни
-

Турција инкасира над една милијарда долари од турските серии
-

Најмалку 27 луѓе загинаа при руски напад врз Буча
