Хашкиот трибунал: Освен во Сребреница немало друг геноцид во БиХ
Судскиот совет на Хашкиот трибунал повтори дека во јули 1995 е извршен геноцид во Сребреница, но не и во осум други општини во источна Босна, како што се тврдеше во обвинението против командантот на армијата на босанските Срби Ратко Младиќ.
Судот при изрекувањето на пресудата на Младиќ заклучи дека во општините Фоча, Кључ, Котор Варош, Приједор, Сански Мост и Власеница се случиле злосторства над несрпското население, но оти нивната намера не била истребување на народот.
Судскиот совет утврди дека во БиХ имало вооружен судир и дека злосторствата извршени во таа држава имале карактеристики на систематски, масовни и раширени дела.
Такви заклучоци првостепениот совет донесе и во пресудата за поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, кој беше осуден на 40 година затвор.
Претседателот на судскиот совет на Хашкиот трибунал Алфонс Ори рече дека нема докази оти геноцид бил целта на „здружениот злосторнички потфат“ за кој се товари Младиќ.
- Советот утврди дека посотело здружен потфат муслиманите и Хрватите трајно да се остранат од територијата со депоратации, присилно иселување, заканувања... Оценувајќи ги изјавите и однесувањето на политчкото раководство на БиХ и Србите, доказите не одат во прилог на тоа дека геноцид бил целта на здружениот злосторнички потфат, рече Ори.
На почетокот од читањето на пресудата, Ори наведе дека го соопштува само резимето на пресудата, односно дека ги изнесува заклучоците на судскиот совет и фактите и правните констатации.
Судијата претходно ги прочита заклучоците кои се однесуваат на повеќе точки од обвинението наведувајќи дека Советот утврдил дека физичките извршители извршиле дејствија кои по дефиниција се геноцид над босанските муслимани во Сребреница. Тие, како што рече, планирале да ги уништат муслиманите во Сребреница кои биле дел од заштитена група.
- Над нив се извршени кривични дела геноцид, истребувања, преместувања, убиства, наведе судијата.
Инаку, Младиќ беше отстранет е од судницата во Хашкиот трибунал откако извика ова е „лага“.
Младиќ претходно побара пауза, која требаше да трае пет минути, но се пролонгира бидејќи му се пружаше лекарска помош.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево