Македонија
16. March 2021 - 10:56

Хасани: Иако и во приватните болници тешко се наоѓа кревет, забавата не застанува во кафеаните

Заменик-министерот за здравство Илир Хасани преку објава на својот фејсбук профил истакна дека дури и во приватните болници тешко се наоѓа кревет поради вирусот Ковид 19.

„И додека болниците се преполни со пациенти поради компликации од Ковид19, па скоро и во приватните болници тешко се наоѓа слободен болнички кревет, сепак забавата не застанува во кафичи и кафеани.

Ова невнимание скапо ке не кошта.

Внимание, внимание, внимание додека не е многу доцна!“, напиша Хасани.