Хасан: Македонија нуди одлични услови за инвестирање, пример за тоа технолошките индустриски развојни зони

Македонија нуди одлични услови за инвестирање, пример за тоа се технолошките индустриски развојни зони. Ги повикувам сите компании што сакаат да инвестираат во странство, да ја разгледаат оваа опција, рече во своето обраќање министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан, на 22. Евроазиски економски самит, што се одржува во Истанбул.
Тој истакна дека интеграциите во ЕУ и НАТО се од големо значење за нашата земја, кои со себе носат нови предизвици и можности за инвестирање во Република Македонија.
– Ние како Влада ќе ја искористиме оваа прилика и ќе се залагаме за привлекување нови инвеститори кои ќе помогнат во намалување на стапката на невработеност, која во последните години е значителен проблем особено за младите граѓани на нашата земја, посочи министерот задолжен за странски инвестиции, Хасан.
Евроазискиот економски самит го организира Мармара фондацијата, група за економски и општествени истражувања која има за цел унапредување на односите меѓу ЕУ и земјите од централна Азија и Блискиот Исток.
Говорниците на самитот посебно се осврнаа на соработката помеѓу државите, особено во областа на економијата и енергетика.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче оди по бугарскиот пат, Филипче: Ние преговараме со Европа, не со Радев
-

ДУИ: Обединувањето на ВРЕДИ е очаен крик за политички спас
-

Подигнување на свеста за децата со атипичен развој
-

Недела на сестринството - Македонија се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри
-

БРАКО и Грин Машинс на светскиот саем ИФАТ во Минхен
-

Вандализмот во Штип го „вклучи алармот“ во општината
-

Неопходна е регулаторна рамка за планинарската служба
