Харири на покана на Макрон ќе пристигне во Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го покани либанскиот премиер Саад Харири и неговото семејство во Франција, соопшти Елисејската палата.
- Харири и неговото семејство ќе пристигнат во Франција наредните денови, изјави неименуван извор од Елисејската палата.
Харири поднесе оставка од функцијата премиер на Либан пред 11 денови преку видео снимка емитувана од Саудиска Арабија. Либанскиот претседател Мишел Аун не ја прифаќа оставка и тврди дека Харири е заложник на Саудиска Арабија.
Во првото телевизиско интервју откако поднесе оставка, Харири во неделата изјави дека е слободен и оти набрзо ќе се врати во Либан. Тој тогаш посочи дека решил да поднесе оставка со цел „да ја спаси земјата од непосредна опасност“, без да прецизира детали за каква опасност станува збор.
При објавувањето на својата оставка на 4 ноември, како што јави МИА, Харири го обвини Иран дека се обидува „да го присвои" Либан и дека се меша во односите меѓу арапските држави, апелирајќи, како што рече, за „укинување на иранското оружје“ во регионот на Блискиот Исток.
Тој тогаш оцени дека сегашната политичка клима во Либан потсетува на онаа од времето кога беше убиен неговиот татко Рафик Харири и дека се плаши оти постои и заговор и за негово убиство. Таткото на Саад Харири, Рафик Харири, кој беше премиер на Либан во два наврати, од 1992 до 1998 и од 2000 до 2004 година, беше убиен во февруари 2005 година при самоубиствен бомбашки напад во хотел во Бејрут.
Ново на Сител
-

Шестмина вработени во фабрика во ТИРЗ-Штип се затруеле од храна
-

Бомба фрлена кон ресторан во тетовско - двајца повредени
-

„Safe City“ ги снимил: Донеле четирицикл со шлеп-служба и глумеле сообраќајка за пари од осигурување
-

Мицкоски: Она што го прави Левица за Изборниот законик е театар за нивниот мал број гласачи
-

Мицкоски: Се следи состојбата со цените на горивата, мерките остануваат на располагање
-

Украински дронови погодиле уште 12 руски танкери во Азовско Море
-

На судењето за „Пулс“ презентирани комуникации од телефоните на обвинетите
-

Албанските власти негираат дека пратеници и функционер на ВРЕДИ биле спречени да влезат во Албанија
