Хари секогаш ќе биде добредојден во кралското семејство

На четиричасовната средба во неделата, во замокот Виндзор, британската кралица Елизабета Втора му порача на принцот Хари, дека тој секогаш ќе биде добредојден, ако сака да се врати во кралското семејство за повторно да ги извршува своите должности како негов член.
Како што пренесуваат британските медиуми, податоците за неделниот ручек се објавени денеска.
„Во неделата кралицата конечно можеше подробно да разговара со Хари и да слушне кои се неговите планови. Сè мина во опуштена атмосфера и двајцата беа во можност да си го кажат своето“, изјави неименуваниот претставник за „Дејли мејл“.
Според него, кралицата била „многу вознемирена поради Меган“, како и одлуката, нејзина и на Хари, да заминат да живеат во Канада. Но, кралицата нагласила дека и двајцата се добредојдени ако се премислат.
Како и да е, таа сепак, истакнала дека тие нема да можат да го експлоатираат името на кралското семејство, поради што и не дозволила името на нивната фондација да го содржи зборот „кралска“.
Канадската полиција, пак, на 27 февруари соопшти дека, штом принцот Хари и Меган Маркл официјално престанат да ги извршуваат должностите како членови на кралското семејство, тие веќе немаат обврска и нема да ги обезбедуваат како претставници на британското кралско семејство.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Маричиќ, претседател на ДИК
-

Нема да ја екстрадираме Ива Михаилова, вели бугарскиот министер за внатрешни работи
-

Претреси на 40 локации низ државата, пронајдени дрога, оружје, пари и мачети
-

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болни, изнемоштени и затвореници
-

Специјална Олимпијада: Историски успех на нашите атлети во Малта
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Јабланица чека да биде прогласена за национален парк
-

Стресот и анксиозноста сѐ поприсутни кај младите, стереотипите ги кочат да побараат помош
