Харадинај за одлуката на Српска листа: Едностраните мерки не се добри
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска изрази надеж дека партијата Српска листа ќе ја преразгледа одлуката за напуштање на неговата Влада.
- Едностраните мерки и прекинот на соработката не се добра работа, изјави Харадинај по вонредната седница на косовскиот Совет за национална безбедност.
Седницата на Советот беше одржана по вчерашниот инцидент во Косовска Миторовици и денешната одлука на Српска листа за напуштање на Владата и за самостојно формирање на Заедницата на српски општини.
- Тоа е избрзана и штетна најава. Видовте што се случи вчера кога нема комуникација. Подобро е се да вратиме на маса и да одиме напред. Уверен сум дека ќе најдеме заеднички јазик, наместо да дејствуваме еднострано, рече Харадинај.
Во врска со најавата на Српска листа дека утре во Косовска Митровица ќе се одржи седница на претставници на сите 10 општини во Косово со мнозинско српско население, на која ќе се договораат за формирањето на ЗСО, Харадинај потседи дека пред неколку дена рекол оти досега „не се занимавал со Заедницата на српски општини“.
- Имав поважни работи. Имавме доста проблеми и се уште не сум запознат (со ЗСО), рече Харадинај.
Осврнувајќи се на изјавата на директороот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ дека не знае дали ќе продолжи бриселскиот дијалог, Харадинај изјави дека во интерес на Приштина е тој да продолжи.
Ново на Сител
-
Зеленски и Трамп на средба во Белата куќа
-
Тема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-
Зеленски средба со Трамп во Белата куќа
-
Мицкоски и Ердоган потпишаа договор за формирање совет за соработка на највисоко ниво
-
Странските инвестиции лани надминаа милијарда евра
-
СДСМ бара оставка од Кочоска - Министерката која понижува граѓани не заслужува да раководи со институција
-
Владиниот предлог за разрешување на државниот Јавен Обвинител се уште патува до Судскиот Совет
-
Екс-директорот на Шутка не заврши во Шутка