Харадинај: Таксата на увоз од Србија и БиХ нема да се укине
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, по денешната средба во Приштина со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, изјави дека таксата од 100 отсто за увоз на производи од Србија и Босна и Херцеговина нема да се укине, се додека тие две земји не ја признаат независноста на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Харадинај рече дека тоа не значи дека косовските власти нема да работат на постигнување договор за нормализација на односите со Србија.
– Ќе ја почитуваме одлуката на Владата и оваа мерка може да се укине кога Косово ќе биде признато од Србија и БиХ. Ние и сега ќе продолжиме да работиме на постигнување сеопфатен договор, за долговите, исчезнатите во војната, за правата на српската заедница во Косово и за многу други теми, а една од нив ќе биде и слободната трговија меѓу Косово и Србија, изјави Харадинај.
Тој нагласи дека гарантира оти областите каде што живеат Србите во земјата нема да имаат никакви проблеми со снабдување со животни намирници, дека за болниците и амбулантите во тие региони ќе бидат обезбедени сите лекови и се друго што им е потребно и дека таксата не е насочена против граѓаните од српска националност во Косово.
Косовскиот премиер изјави дека му рекол на еврокомесарот Хан дека Приштина беше принудена да ја воведе таксата поради дестриктивниот однос на Белград кон Косово.
Хан денеска престојуваше во Приштина на разговори со косовскиот врв во врска со таксата што Владата на Харадинај ја воведе за увозот на производи од Србија и БиХ.
Хан во Приштина допатува од Белград, каде што претходно денеска, на истата тема, имаше средба со српскиот претседател Александар Вучиќ.
Ново на Сител
-
НБ: Нето надворешниот долг до 30 јуни 4,48 милијарди евра
-
Почна монтирањето на новиот топловод под мостот Беласица
-
Поевтинуваат дел од горивата
-
Запленети лекови, мобилни „ајфон 16“, часовници „ролекс“, девизи
-
На респиратор новороденчето чија мајка почина во кумановската болница
-
РКЕ: Грејната сезона почнува на 15 октомври
-
МНР: Нема наши државјани кои се обратиле за помош или евакуација од Либан
-
На 4 октомври застарува затворската казна на Груевски за набавката на „мерцедесот“