-->
-->
Харадинај: Србија бараше 950 квадратни км од Косово
-->
Вршителот на должноста премиер на Косово, Рамуш Харадинај изјави дека Белград од Приштина барал 950 квадратни километри територија во Косово.
„Србија бараше 950 километри. Конкретно. Темата за поделба веќе не е на маса, работите се развиваат понатаму. Вучиќ се уште ја користи поделбата. Тие ја вршат својата работа“, изјави Харадинај за „Газета експрес“.
Според порталот Коссев, Харадинај додал дека српскиот претседател Александар Вучиќ се уште „се жали“ во разни кругови дека Косово не се согласило на договорот.
Харадинај оцени дека Србите ги координираат нивните настапи и дека на Косово му недостасува координација.
„Тие играат добар и лош полицаец. Вучиќ е добар полицаец. Дачиќ е лош. Тие координираат, а ние не. Хашим го игра добриот полицаец, но против својата земја. Јас сум лошиот полицаец, но јас го штитам Косово”, изјави Харадинај, пренесе Бета.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ: Нема пари за лекови – Владата ќе купува авион
-
Приведен турски државјанин, превезувал мигранти од Египет и Сирија
-
Тешко повредена патничка на ЈСП откако 65-годишник удрил во паркиран автобус
-
Стабилно и релативно топло време до среда
-
Пред српскиот Парламент голем број полициски возила, блокиран автопатот Нови Сад - Белград
-
Планирале терористички напади, уапсени четири лица кои формирале терористичка ќелија по теркот на ИСИС
-
Еврокомисијата подготвува план за намалување на бирократијата во невидени размери
-
Закажани четири судења против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко