Харадинај пред заминувањето за Хаг: Останувам непоколеблив за моите одлуки
Косовскиот премиер во заминување Рамуш Харадинај, пред да отпатува за Хаг, каде утре треба да даде интервју пред Специјалниот суд за воени злосторства, порача дека останува „непоколеблив и со кренато чело“ за неговите животни одлуки, јави дописникот на МИА од Приштина.
Харадинај преку објава на Фејсбук повтори дека „Косово е подготвено за дијалог со Србија до постигнување финален и законски обврзувачки договор, кој ќе го вклучи меѓусебното признавање во рамки на постоечките граници“.
– Борците на слободата секогаш биле на страна на правдата. Денеска, како Рамуш Харадинај, граѓанин на Република Косово, одговарам на повикот за интервју од Специјалниот суд во Хаг. Целосно во правото на Косово, непоколеблив и со кренато чело за моите животни одлуки. Косово забележа напредок во својот евроатлантски пат и е посилно од кога и да е, на страната на мирот и вечното пријателство со Соединетите Аерикански Држави, напиша Харадинај.
Тој порача дека таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина ќе се укине кога тие држави ќе ја признаат независноста на косовската држава.
– Косово е подготвено за дијалог со Србија до постигнување финален и законски обврзувачки договор, кој ќе го вклучи меѓусебното признавање во рамки на постоечките граници. Меѓутоа, нашиот пазар ќе го дадеме единствено во замена за признавање. Чесно сум го бранел нашето право, вчера, денес и ќе го бранам секогаш, напиша Харадинај.
Тој требаше да замине денеска за Хаг од приштинскиот аеродром во 12:30 часот, но, како што соопшти владината служба за информирање, летот е одложен за три часа поради доцнење на авионот со кој треба да патува.
Харадинај во петокот поднесе оставка од премиерската функција поради повикот од Специјалниот суд за воени злосторства во Косово, порачувајќи дека сака да се појави пред трибуналот како граѓанин, а не како премиер на Република Косово.
Ново на Сител
-
Возач од Прилеп тешко повреден откако излетал од патот
-
Пиштол и 53 куршуми пронајдени кај лице од Сарај
-
БиХ: Си ја убил сопругата, па се пријавил во полиција
-
НБ: Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за унапредување на регулативата за идентификување системски значајни банки
-
Лавров: Двосмисленото однесување на Франција го поткопува дијалогот за мир во Украина
-
Полицијата пристигнува во зградата на РТВ во Нови Сад во пресрет на денешниот студентски протест
-
Израел: Постара жена убиена во терористички напад во Херцлија
-
ФСБ: Американец осуден на 15 години затвор поради собирање генетски податоци на руски државјани