Харадинај потврди дека денеска ќе отпатува за Хаг

Косовскиот премиер во заминување Рамуш Харадинај потврди дека денеска ќе отпатува за Хаг, каде што е повикан на распит, во својство на осомничен, пред Специјалниот суд за воени злосторства во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Харадинај во синоќешното интервју за приштинската телевизија Т7 изјави дека од судот во Хаг е повикан на интервју, но дека против него се уште не е покренато обвинение.
– Да, утре ќе отпатувам за Хаг, изјави Харадинај, додавајќи дека интервјуто пред судот е закажано за наредниот ден, среда, 24 јули.
Тој повтори дека поднесе оставка од функцијата претседател на Владата, затоа што пред судот сака да се појави како граѓанин на Република Косово, а не како премиер,
Според него, појавувањето пред трибуналот како претседател на Владата на Косово би претставувало „лош преседан“ и би можело да го загрози суверенитето на државата.
Харадинај во интервјуто за Т7 потврди дека в среда пред трибуналот во Хаг ќе се појави и првиот претседател на косовското Собрание по војната и портпарол на ОВК во 1998-99 година, Јакуп Красниќи, за кого се уште нема информација дали е повикан во својство на осомничен или како сведок.
Ново на Сител
-

Клековски: За Михаилова нема постапка за лекување во странство, се врши надзор во нејзината здравствена документација
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Синдикалната кошница над 70.000 денари, Ристески: најголем дел од населението зема плата околу просечната
-

Кривична против Јани Макрадули – Штета во Пошта од близу 11 милиони денари
-

Нови 100 амбулантни возила за цела Македонија
-

Нова понуда за професионалните војници – До пензија да останат во АРМ
-

Oдложено рочиштето за Државна лотарија поради отсуство на сведокот на обвинителството
-

Правосуден испит на македонски јазик
